fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Николовски: Оризот не е во мерките од интервентниот фонд за набавка на ѓубриво

Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, при  работната посета на кочанскиот оризопроизводствен регион, нагласи дека иако оризот не е влезен во интервентните мерките за поддршка при набавка на вештачко ѓубре, се планира да се вклучи во државните стокови резерви како помош на земјоделците во пласманот на произведените количини.

-Владата ја донесе програмата за усвојување на интервентниот фонд од околу 7 милиони евра и во овие мерки се опфатени пченицата, пченката, јачменот и сончогледот. Оризот не спаѓа во делот за набавка на ѓубрива, но се креираат нови мерки за поддршка. Наш предлог до Министерството за финансии, што веќе е пријавен, е оризот да влезе како стратешка култура во набавката на стокови резерви и верувам дека тие законски измени наскоро ќе бидат направени, изјави Николовси.

Преку програмата за директна поддршка,  како што рече, дополнително интервенираме кај откупната цена на оризовата арпа, односно рокот за поддршката од три денари за продаден килограм е продолжен до јуни годинава. Исто така, за 300 проценти ги зголемивме субвенциите во делот за поддршка на оризопроизводството, помошта со „зелената нафта“ останува во сила и понатаму, а ќе продолжиме да ги следиме случувањата на пазарот и доколку се јави потреба, со дополнителни мерки од интервентниот фонд, ќе им помогнеме  на земјоделците од регионот, истакна министерот Николовски.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close