fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Земјоделците бараат поддршка од граѓаните за саботниот протест

Нашите трошоци за производство се зголемени во огромен процент и ние сме доведени во ситуација да го намалиме или целосно прекинеме производството на храна и земјоделски производи.

Јавен повик до сите граѓани на Македонија !

Почитувани Работници, пензионери, дуќанџии, студенти и сите останати граѓани од целата држава, со овој наш повик кон вас сакаме да ви ја покажеме големата слика и да ви укажеме зошто ние земјоделците сме приморани да го организираме овој протест бидејќи овде не се работи само за егзистенцијата на земјоделците туку и за ваша егзистенција и затоа на овој протест очекуваме масовна поддршка и од вас. Имено, нашите трошоци за производство се зголемени во огромен процент и ние сме доведени во ситуација да го намалиме или целосно прекинеме производството на храна и земјоделски производи. Нашите барања упатени до владата да испорача итна и конкретна подршка да можеме да произведеме поевтина храна и земјоделски производи кои ќе бидат достапни за сите во државата не наидоа на разбирање а тоа значи дека сите ние ќе јадеме скапа увозна храна со сомнителен квалитет која верувајте огромен дел од граѓаните нема да бидат во можност да ја купат, а згора на тоа наместо да ја помагаме нашата економија, ние ќе финансираме туѓа.За храната да не стане луксуз и привилегија само на богатите уште еднаш ја бараме вашата подршка и разбирање.

Затоа почитувани земјоделци и граѓани од цела Македонија ве повикуваме на сеземјоделскиот предупредувачки протест во Прилеп на ден 26 03 2022 Сабота од 11-13часот локација над ЛУКОИЛ.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close