fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Николовски: Работиме, чесно и одговорно, aкцијата за заплена на нелегален тутун ја спроведоа институциите

Акцијата за заплена на нелегален тутун ја спроведоа институциите врз кои имам координативна надлежност како Вицепремиер за борба против корупцијата и криминал и целосно ја расчистија. Поднесена е и Кривична пријава. 

Очигледна е нервозата кај пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и станува се поголема. Не нудат решенија во интерес на граѓаните или развојот на државата, си тера иста матрица за ширење невистина и обиди за одбрана на криминал, вели Љупчо Николовски, вицепремиер за борба против корупцијата на денешните пратенички прашања.

-Акцијата за заплена на нелегален тутун ја спроведоа институциите врз кои имам координативна надлежност како Вицепремиер за борба против корупцијата и криминал и целосно ја расчистија. Поднесена е и Кривична пријава.

 

Уште на почетокот на февруари Царинската управа презела мерки и известила надлежни органи за се она што го констатирале, се она што е истражено. Многу пред на овој случај да им текне на ВМРО-ДПМНЕ или да нешто излезете во јавност.Значи неселективно, бескрупулозно излеговме и констатиравме се, со соодветни пријави.

 

Не е само овој случај и не е само оваа акција, запленети се 146.278 килограми тутун, внесен во државата како необработен и е пуштен незаконски во промет. Поднесени се кривични пријави по основ на неплатена акциза близу од 5 милиони евра вкупно. Тоа е веќе направено.Ние така работиме, чесно, отчетно и одговорно, вели Николовски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close