Николовски вели блокадата на Собранието ќе ја блокира и исплатата на субвенциите
НОВО! НОВО! Видео од изјавата на Николовски
Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски вели дека министерството во Собранието има поденесено повеќе од 30-тина предлози за законоски измени со кои во овие кризни моменти се сака да им се олесни на земјоделците со цел побрзо да добијат исплата на средствата за да можат истите да ги вложат во производство.
„Еден од блокираните закони е и измената на законот за земјоделство и рурален развој. Ако тој не помине ние нема да можеме да почнеме да исплаќаме субвенции од оваа година. Ние активно треба да работиме се она што е во интерес на граѓаните. Лично сметам дека воопшто не е време за предвремени избори, тоа го кажавме уште на почетокот на мандатот, особено не во време кога имаме повеќе кризи“ вели Николоски за Тера .