fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Облачно и топло, од утре локален дожд

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 19 Целзиусови степени, Маврово 17, Охрид 20, Битола 21, Крива Паланка и Кавадарци 20, Берово 22, Дојран 24.

Денеска времето во Македонија ќе биде умерено до значително облачно и релативно топло, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 19 Целзиусови степени, Маврово 17, Охрид 20, Битола 21, Крива Паланка и Кавадарци 20, Берово 22, Дојран 24.

Утре времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието. Дневните температури ќе се движат од 16 до 22 степени.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close