Агро бизнисБез категоријаВести
Николовски во Цапари, во посета на „Флора Фреш“, успешни ИПАРД корисници
"Флора Фреш“ одгледува овошни садници на јаболка на 25 хектари површина.
Министерот Љупчо Николовски денеска беше во посета на компанијата “Флора Фреш” во битолското село Цапари и како што вели „уште една во низата успешни ИПАРД корисници“. Оваа компанија одгледува овошни садници на јаболка на 25 хектари површина. Фирмата „Флора Фреш“ е грчка фирма, формирана од таткото и син Тахмаѕидис.
-За модернизација на своето производство, има набавено ножици за режење, мулчер со гарден, трактор, атомизер од 2000 литри, и платформа за собирање на овошје, опрема поддржана од ИПАРД 2 во вредност од близу 5 милиони денари. Исто така оваа компанија е пример како може и треба да се заштити земјоделското производство, преку поставување на целосна градобијна заштита на овошните насади со јаболко.
Земја лидер сме во регионот по неколку основи, 100%реализација на ИПАРД 2, први во регионот започнуваме со ИПАРД 3, нема населено место во државата каде нема да се сретне ИПАРД таблата.
Сме докажале и докажуваме дека сме искрен партнер на земјоделците, преку повеќе конкретни мерки изминативе години. Токму Битола и битолчани тоа може да го потврдат.
За модернизација на своето производство, има набавено ножици за режење, мулчер со гарден, трактор, атомизер од 2000 литри, и платформа за собирање на овошје, опрема поддржана од ИПАРД 2 во вредност од близу 5 милиони денари. Исто така оваа компанија е пример како може и треба да се заштити земјоделското производство, преку поставување на целосна градобијна заштита на овошните насади со јаболко.
Земја лидер сме во регионот по неколку основи, 100%реализација на ИПАРД 2, први во регионот започнуваме со ИПАРД 3, нема населено место во државата каде нема да се сретне ИПАРД таблата.
Сме докажале и докажуваме дека сме искрен партнер на земјоделците, преку повеќе конкретни мерки изминативе години. Токму Битола и битолчани тоа може да го потврдат, напиша министерот Николовски.