Николовски: Во спроведувањето на идните политики, важна е поддршката од Европската унија и од донаторската заедница
Денеска во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржа состанок на Секторската работна група за земјоделство и рурален развој, на која беа поканети и претставници од Делегацијата на Европската унија, претстваници од странските донатори и невладиниот сектор. На состанокот се разговараше за главните перспективи и предизвици, како и за идните политики за развој на земјоделството и руралниот развој. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, ги презентираше клучните перспективи на политиките во земјоделството, во делот на храна и ветеринарство и фитосанитарните политики во Република Македонија. Посочи дека силно верува во зајакнувањето на перспективите на соработка со сите релевантни учесници во земјата, и меѓународните и регионалните организации, со цел подобрување на земјоделството и руралниот развој. „За развој на земјоделскиот сектор, многу е важно, пред сè, да постои сеопфатен механизам за соработка. Со заедничка работа, ќе бидеме во можност поинтензивно да се фокусираме на проблемите во земјоделството и руралниот развој, да ги идентификуваме заедничките потреби и интереси и да делуваме на нашите потреби за надградба на капацитите. Целта на македонската Влада е да се фокусира на зголемувањето на конкурентноста во земјоделското производство и одржливиот развој на руралните средини. Земјоделството и руралниот развој се еден од клучните приоритети на Владата на Република Македонија, а унапредувањето на овој сектор бара вклучување на огромни напори, посветеност и заложби. Во спроведувањето на овие наши цели, е важна поддршката од Европската унија и од донаторската заедница“, посочи министерот Николовски. Со цел да се обезбеди целосна интегрираност на националните политики на Владата и користењето на странската помош од донатори и кредитори во Република Македонија, со одлука на Владата е формирана Секторката работна група за земјоделство и рурален развој. Таа работи на имплементација на задачи на експертско ниво поврзани со формулирање и имплементација на секторските политики на национално ниво, вклучувајќи ги тука, генерално, сите оние релевантни фактори за интеграција во Европската унија како помошта од донаторите и посебно, ИПА програмата на Европската унија. Раководителот на Секторот за соработка во Делегацијата на Европската Унија, Никола Бертолини, ја презентираше улогата на секторскиот пристап,работната агенда на оваа секторска работна група за земјоделство и рурален развој и приоритетите. Истакна дека е потребно да се видат промените и резултатите во системот и дека тие треба да бидат дел од овој процес, кој треба да биде пред сè, демократски. „Потребна е институционална поддршка, а граѓанскиот сектор треба да биде составен дел од овој процес. Има пет елементи од работата на ова група. Како прво, донаторите не би можеле сами да се искоординираат, потребно е да се одржуваат редовни состаноци, да се сподели агендата, да се разговара за прогресот и да бидат дел од секторската работна група. Потребно е да се идентификува програмата за ИПА 2019, да се одржуваат редовни состаноци, на месец или два, затоа што само со заедничка поддршка и работа може да постои прогрес. Потребно е да се одржуваат чести подсекторски состаноци, на кои ќе присуствуваат институциите, донаторите, агенциите , граѓанскиот сектор“, посочи Бертолини. При тоа Бертолини, истакна дека треба да се обноват постоечките податоци, константно да се интервенира и да бидат основа за дискусија за да не дојде до преклопување. Третиот елемент кој го презентираше Бертолини беше за оценување на перформансите, односно поставување на неколку индикатори и потоа нивно следење. Четвртиот елемент е идентификација на потенцијалните области во кој ќе се вклучат институциите и ЕУ. И петтиот елемент, е техничка помош за секторски пристап од експерти. Во дискусијата беше потенцирано дека е потребно е да се одреди временска рамка. За ИПА 2019 првичните идеи требда се се постават до април, потоа треба да се одржуваат состаноци со донаторите и граѓанскиот сектор, да се споделат идеите, па потоа во септември да се има Проектното Фише, да се поднесе на одобрување во 2019 година и дури потоа во 2020 година да се имплементира. Во овој процес потребно е и донаторите целосно да се вклучат во идентификување на областите за да нема преклопувања, потенцираше Бертолини. Целта на овој состанокот е да се споделат информациите за националните стратегии кои треба да бидат и приоритет на Владата, да се донесат и потоа во април да се знае каде треба да насочи помошта. Во преостанатиот дел од овој состанок следеа презентациите од повеќе сектори во рамките на министерството, кои информираа за постоечките стратегии, програми и потребите во секоја област (земјоделство, ветерина, фитосанитарната област, водостопанство). По овој дел следеше отворена дискусија при што учество зедоа дел од присутните, односно претставниците на Шведската амбасада кои се долгогодишен партнер во Македонија, особено во делот на земјоделството. Тие ќе се вклучат во понатамошната работа на Секторската работна група. Во дискусијата се вклучија и претставниците од Светска банка, од германската KFW банката, Швајцарската амбасада, претставниците од УНДП и од УСАИД и други меѓународни и домашни организации. |