fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Николовски: Земјоделците и понатаму да добиваат 30% предвремена исплата на субвенции

СДСМ со амандман

Пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски на денешната седница на собраниската комисија за финансирање и буџет го образложи предложениот амандман на СДСМ за ребалансот на буџетот, кој предвидува да продолжи да се применува новиот модел на субвенционирање, со кој земјоделците добиваат 30% предверемена исплата на субвенции и е замена на популситичкиот модел на ВМРО-ДПМНЕ, со кој се заглави со исплати на субвенции, со правење списоци и селекции.

-Го променивме популистичкиот, груевистички модел на субвенционирање на се и сешто во државата, модел на селективна исплата на субвенции, на ненавремена исплата и да го замениме со нов модел за потпишување решенија за исплата на субвенции, во еден ден за сите лозари, во еден ден за сите тутунари, во еден ден за сите полјоделци, истакна Николовски, додавајќи дека земјоделците ја знаат таа пракса и се научија на Св. Трифун да добиваат субвенции лозарите, дека во следните 2 месеци без никаква селекција ги добиваат сите останати.

Николовски нагласи дека се очекува воспоставената пракса да продолжи токму и заради тоа што во текстот на ребалансот се поддржува новиот модел на субвенционирање.

Во текстот на ребалансот покрај се друго што се поддржува, односно континуитетот на успешните политики, се потенцира новиот модел и се она што го предвидува и токму затоа го поднесуваме овој амандман со којшто се бараат 2 милијарди денари, кои се уште не се создадени обврски, заради тоа што пријавувањето на субвенциите се уште трае. И ова ја демаскира лагата дека тоа се пари што некој не ги предвидел, нагласи Николовски.

Николовски истакна дека треба да се направат напори да се најдат овие 2 милијарди и да се продолжи со предвремена и авансна исплата на субвенциите.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која во 2017 година остави близу 5 милијарди денари долг од претходни години, денеска имаме 0 долг по претходни години, наследивме несиплатени 5 години, затворени винарии како Повардарие, Петра, Џумајлија, да не зборуваме за Сведмилк и други афери, неисплатени лозари, коишто ги исплаќавме, во 2017 година, кога ја преземавме власта не беше исплатен тутунот, не беа исплатени основните сунвенции, имавме ризик од укинување на ИПАРД фондовите, имавме протести, имавме исплата на субвенции пред избори, 58 милиони евра во 2014 година и многу други скандали и неправилности, нагласи Николовски.

Тој постети дека критикуваниот популистички модел со кој не се евидентира производството, со кој не се пријавува производството туку се даваат субвенции само по површина, е заменет со нов, кој ги зголеми средствата и го насочува производството кон стратешките култури.

Земјоделците треба да знаат дали до крајот на годината, ќе добија 30% предвремена исплата на субвенциите кои треба да ги добијат во 2025 година. Ако за оваа влада е приоритет земјодлество, ќе го направи истото што и претходната влада, не на почеток на година, не со ребаланс, туку на крајот на годината со репорграм на неискоритени средства коа беа додадени 2 милијради за авансна исплата за земјоделците, порача пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close