fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Николовски:Објавен нов јавен повик од ИПАРД II, 5 милиони евра инвестициски фонд ставме на располагање за проекти преку мерката 3

ПРОЧИТАЈТЕ!!!5 милиони евра инвестициски фонд ставаме на располагање за проекти преку мерката 3

Почетокот на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија носи убави вести за нашиот агро сектор. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со директорот на Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, денес го презентираа новиот јавен повик за мерката 3 од ИПАРД-2 програмата. Јавниот повик се однесува за финансиска поддршка за инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи.

Финансиската поддршка за овој јавен повик изнесува вкупно 5.028.568 евра, односно 75% средства обезбедени преку ИПАРД програмата и 25% средства обезбедени од буџетот на Република Северна Македонија. Заедно со инвестициските средства од страна на корисниците вкупниот инвестицкиски фонд за оваа мерка изнесува 10 милиони евра.

 

Финансиските средствата по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка, (грант) во износ до 50% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите. Рокот за аплицирање по оваа мерка од ИПАРД програмата е до шести септември 2022 година.

 

„Република Северна Македонија стана земја лидер во целиот регион по искористеност на ИПАРД средствата, со висок процент од 97% искрористеност на овие неповратни средства за поддршка на земјоделството и руралниот развој. Успешноста во реализацијата на овие проекти и успешните земјоделски политики кои ги води министерството и Владата ги потврди и Европската Комисија. Добиваме 97 милиони евра неповратни средства од Европската Унија преку ИПАРД 3 програмата. Тоа претставува зголемување за 62% споредено со ИПАРД 2 кога земјава доби на располагање 60 милиони евра“ изјави министерот Николовски.

 

Набавка на модерна земјоделска механизација, опрема за производство и преработка со највисоки технологии, изградба или проширување на производствените капацитети, како и поддршка за туризмот и руралниот развој се само дел од проектите кои се поддржуваат во рамки на ИПАРД програмата.

 

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, истакана дека овие средства се наменети за поддршка на проекти кои предвидуваат инвестиции за преработка и производство на млеко и млечни производи, месо и месни производи, овошје и зеленчук, преработка на житарици, производство на мелнички продукти, растителни производи и масла, маснотии од животни како и производство на вино.

„Сите заинтересирани апликанти ќе можат да аплицираат со проекти за набавка на машини и опрема за производство и преработка, како и проекти кои предвидуваат поставување, односно инсталирање на фотонапонски панели за производство на енергија од сопствени потреби. Прифатливи корисници се сите правни лица кои влегуваат во рангот на микро, мали или средни претпријатија.  Финансиските средства по поединечен корисник се доделуваат како неповратна финансиска поддршка, односно грант во висина до 50% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестицијата“ изјави директорот на АФПЗРР Никица Бачовски.

Поддршката која како земја ја добиваме од Европската Унија е значајна во развојот и модернизација на македонското земјоделство, а успешната реализација на европските земјоделски програми, уште еднаш ја потврдува посветеноста и решителноста на МЗШВ и Владата во процесот на интеграција и полноправното членство во Унијата.

 

Заинтересираните апликанти барање за аплицирање може да подигнат од просториите на Агенцијата за финасиска поддршка на земјоделството и руралниот развој или по електронски пат преку веб странта www.ipardpa.gov.mk

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close