Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Ниската цена на тутунот ниту е оправдана, ниту прифатлива за тутунопроизводителите, реагираат од новоформираните тутунски здруженија
Сојузот на земјоделски здруженија на чело со претседателот Менде Стомнароски конечно во изјава констатира дека откупната цена е ниска, а само пред 2 месеци не убедуваше дека е донесен историски правилник и тутунарите ќе бидат задоволни во оваа реколта.
Ниската цена на тутунот во оваа реколта ниту е оправдана, ниту пак е прифатлива за тутунопроизводителите, реагираат од новоформираните тутунски здруженија.
-Фрустрира фактот, квалитетна реколта, а просечната цена не може да помине 190 денари. За заменик министерот за земјоделство тутунот е стратешка култура, динамиката е добра, откупот се одвивал непречено и цената очекувал да расте, а на терен тажна слика за тутунарите, родот квалитетен, а откупната цена 180 до 190 денари.
Сојузот на земјоделски здруженија на чело со претседателот Менде Стомнароски конечно во изјава констатира дека откупната цена е ниска, а само пред 2 месеци не убедуваше дека е донесен историски правилник и тутунарите ќе бидат задоволни во оваа реколта. Па повикува сите заедно да дејствуваме да се зголемат цените во наредната реколта. Дали ова покажува дека Стомнароски се откажал од оваа реколта и кренал раце?
Е па Стомнароски, мандатот ти е даден, тутунарите те плаќаат да работиш во нивни интерес, а не против нив. И затоа ПОД ИТНО седнете со откупувачите да најдете начин да се зголеми просечната цена или заминувајте веднаш за да дојдат луѓе кои што ќе знаат како да се решат проблемите, реагираат од новоформираните тутунски здруженија, чии координатор е тутунарот Игор Мирчески.