вестиМакедонијаТоп вести

На 30 септември истекува рокот за поднесување барања за субвенции

Владата на Р.С. Македонија  ја дополни уредбата за директни плаќања со кој го продолжува рокот за поднесување на барања за субвенции.

Сите земјоделци кои не успеале во претходниот рок да поднесат барање за директни плаќања 2020 година истото ќе може да го направат до 30 септември.

Барањата за добивање на финансиска поддршка како и претходните години и овој пат се поднесуваат  по електронски пат самостојно со регистрирање на веб страната на АФПЗРР www.ipardpa.gov.mk.

Сите земјоделци кои не можат сами да го поднесат барањето нека се обратат до подрачната единица на МЗШВ во Битола или на тел. Бр. 047/237 419 или  електронска пошта: pe.bitola@mzsv.gov.mk , информира раководителот на ПЕ МЗШВ Битола Методија Илиевски.

Слични написи

Back to top button
Close