Ниските температури ќе го намалат родот кај овошките
Градинарите утревечер да ги засилат печките во пластенците за да ги спасат младите култури од најавените миснусни температури, советуваат агрометеорлозите.Температурите во четврток наутро ќе се спуштат и до 15 степени под нулата. Ова негативно ќе се одрази и врз овошките кои почнаа да цветаат изминатиов период. Но нема опасност дека родот ќе биде целосно уништен вели агрометеорологот Ангелески. Според него добро е што има снежна покривка во најголемата житница Пелагонија. Токму таа ќе ги спаси културите од минусните температури.
– Имавме почеток на цветање кај бадемот и кајсијата но сепак ваквите температури во четврток нема целосно да го уништат родот,ама ќе го проретчат. Временските услови во овој период се добри, ќе ја разладат атмосферата и оние овошки и виновата лоза кои не се почнати со вегатција ќе ги стопира за исвесен период. А тоа е добро бидејќи време за минусни температури сеуште има, вели Ангелески.
Ниските температури нема да потраат долго вели Ангелески. Викендов се очекува значително затоплување.
Земјоделците се први на удар на климатските промени. Но и покрај тоа тие не ги осигуруваат своите посеви. Вчера осигурителните компании се пожалија дека се додека државата директно ги обештетува производителите, тие нема да купуваат полиси.