fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Ниските температури во март ќе остават штети кај овошките, особено оние од коскестите видови

Состојба на земјоделските култури во Република Северна Македонија и агрометеоролошка прогноза  за периодот после  26.03.2021 год.

Состојба на земјоделските култури во Република Северна Македонија и агрометеоролошка прогноза  за периодот после  26.03.2021 год.

Неповолните агрометеоролошки услови кои ги имавме во текот на изминатата седмица, со врнежи од снег, формирање на снежна покривка и ниски минимални утрински температури особено кон крајот на седмицата несомнено е дека ќе предизвикаат штети кај овошките, особено оние од коскестите видови, каде со мали исклучоци (Малеш, Пијанец и делови од Преспа) не беше отпочната вегетацијата и немаше цветање.

Штетите сепак не зависат само од минималните температури, тука се типот на почвата, нејзината вододржливост, експозицијата на теренот, времетраењето на температурите, и нивното повторување, но сепак во овие фази на развој, минимални температури пониски од -2.2  оС можат да причинат одредени штети, но од колкави размери, засега е премногу рано да се прогнозира.

Во текот на викендот па и наредната седмица се очекува стабилно време со карактеристични температури за овој период од годината кои ќе достигнат вредности од 12-20 оС, вистински пролетни, со позитивни утрински температури, со што на земјоделските производители ќе им се овозможат оптимални услови за работа на отворено, како припрема на површините за пролетна сеидба, нега на кутурите, прихрана, третирање со заштитни средства и сл.

Ваквите временски услови ќе предизвикаат будење на вегетацијата и во останатите региони од Републиката.http://agrometeo.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close