вестиТоп вести

Нивите со пченка во Пелагонија бележат раст на приносите од рекордни 124 отсто

Производителите на пченка во Пелагонија кои го применуваат системот за наводнување капка по капка како дел од проектот на УСАИД, владата на Швајцарија и „Алкалоид“, бележат пораст на приносите од 124 отсто од 2012 до 2015.

nivite so pchenka vo pelagonija belezhat rast na prinosite od rekordni 124 otsto

 

Илчо Даскалоски, еден од земјоделците кој е дел од проектот за експанзија на мали бизниси, на еден хектар од полето со пченка во близина на село Мало Kоњари, општина Прилеп, како донација во 2014 година поставил систем капка по капка. Потоа работењето го проширил на дополнителни два хектара со сопствени финансии, кои ги добил од добрите резултати. Неговиот успех беше забележан од фармацевтската компанија „Алкалоид“, која на почетокот на оваа година донирала течно ѓубриво „агросал“ од нивно производство на двајца од најпродуктивните земјоделци во Пелагонија, а еден од нив е Даскалоски. Благодарение на системот капка по капка и течното ѓубриво на „Алкалоид“, Даскалоски очекува принос на силажа од пченка над 80 тони од хектар, значително над националниот просек од 30 тони од хектар. Истиот нагорен тренд се забележува речиси кај сите производители на пченка во Македонија кои во последните неколку години користат системи капка по капка и течно ѓубриво. Просечните приноси на силажа кај петстотините земјоделци кои се дел од проектот, пред поставувањето на системите капка по капка, изнесувале 39 т/ха во 2012 година, а веќе во 2013 се зголемиле на 72 т/ха во 2013, потоа на 82 т/ха во 2014 и на 87 т/ха во 2015 година, информираат надлежните од проектот на УСАИД. Според нив, новиот рекорден принос на силажа од пченка поставен во 2015 изнесуваше дури 126 т/ха.

– Непогодните временските услови во 2016 имаа значително негативно влијание врз производството на пченка, но земјоделците што се служат со системите капка по капка и со течно ѓубриво ги минимизираа последиците и очекуваат да го задржат или надминат минатогодишниот просек – велат од проектот.

Од 2012 до 2015 со проектот се финансира поставувањето системи капка по капка на 280 хектари со пченка и сончоглед со цел модернизација на нивното производството. Благодарение на нивните добри резултати, производителите на пченка и сончоглед од цела Македонија сами инвестираа во оваа технологија и поставија ваков систем на дополнителни 480 хектари. Некои од овие системи беа кофинансирани од Националната програма 50/50 на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close