fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Нивото на Дебарското Езеро за 1,5 метри над просекот за овој период од годината

Во моментов нивото на Дебарското Езеро се наоѓа на кота од 577.32 м.н.в. што е за 1,5 метри над просекот за овој период од годината.

Во моментов нивото на Дебарското Езеро се наоѓа на кота од 577.32 м.н.в. што е за 1,5 метри над просекот за овој период од годината. Увид во состојбата на акумулацијата и во работењето на хидроелектраната Шпилје изврши директорот за производство на АД ЕСМ, Благојче Трповски.
,, Самата исполнетост на езерскиот басен е сама по себе видлива и се надеваме дека 2021 ќе биде хидролошки добра година, дека ќе има врнежи, за разлика од 2020 која ќе остане запаметена како хидролошки најлоша во последните 15 години, што влијаеше неповолно врз исполнетоста на езерата и акумулациите, а со тоа во значаен дел и врз домашното производство на електрична енергија.
Во изминатиот месец во текот на планираниот годишен ремонт во Шпилје, успешно беше реализиран значаен зафат-промена на преттурбинските пеперуткасти затворачи на агрегатите, зафат кој ќе го спречи губењето на водата низ турбинските кола кога тие не работат, како и други негативни последици кои предизвикуваа различни оштетувања на механизмите, а со тоа значително се зголеми доверливоста на електраната.”-изјави директорот Трповски при посетата.
Последен пат затворачите се сменети пред повеќе од 25 години, што е показател за неопходноста на оваа инвестиција.
Ремонтот беше предвидено да трае до 10 јули, но изведувачките работи завршија неколку дена пред наведениот датум, така што од вторникот електраната веќе е вратена во системот на производство.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close