Националната земјоделска мрежа НЕ Е ДЕЛ од Сојузoт на чело со Кире Ристески
Почитувани нас никој не не плаќа, никој не не контролира! Сами кратејќи од домашните буџети трошејќи од своето време се трудиме да го спасиме уште ова малку што остана од земјоделието.
Ви ја пренесуваме во целост реакцијата на Националната земјоделска мрежа чии претседател е Ѓорги Каракашев.
Почитувани тутунопроизводители!
Во ова прилика Ве информираме дека Националната земјоделска мрежа не е дел од новоформираниот Сојуз на чело со Кире Ристески, но ние сме и ќе останеме со нашите колеги тутунопроизводители пред се затоа што и ние сме земјоделци и тутунари како вас.
Сакаме да упатиме јавно прашање до вас колеги – Минатата година бевте сведоци колку активности, интервјуа, трибини, состаноци одржавме. Сето тоа како членови нас не чинеше време и нерви, за на крај заеднички со вас да успееме во нашите оправдани барања.
Почитувани би сакале да ве прашаме дали барем еден од вас од чисто човечки побуди не беше ред да каже барем едно -Благодарам!, за сите напори како членови на Национална земјоделска мрежа. Уште ова – Почитувани нас никој не не плаќа никој не не контролира! Сами кратејќи од домашните буџети трошејќи од своето време се трудиме да го спасиме уште ова малку што остана од земјоделието.
Со искрена почит Националната земјоделска мрежа