fbpx
ВестиТоп вести

Нов тренд – во што инвестираат богатите американски семејства?

Шумите и зелените површини се привлечна инвестиција за богатите американски семејства. Тој тренд зема толкав замав што Банката на Америка, мултинационалната инвестициска банка, основаше посебна канцеларија, односно т.н. Група за управување со посебни имоти (SAM), која за своите богати клиенти управува со 94.000 различни шуми, полиња, фарми и ранчови со вкупна вредност од 13,6 милијарди долари.

Дека интересот на семејствата за еколошкие и одржливи инвестиции расте вели и извршниот директор на SAM, Џон Кели, кој додава дека своите клиенти тој ги поттикнува да го погледнат и да го почувствуваат она во што инвестираат. „Тоа има трансформирачки ефект кога ќе можат да видат, да почувствуваат, да допрат, а понекогаш и да ги слушнат животните на фармите и да го помирисаат она во што инвестираат“, објаснува Кели.

Групата за управување со посебни имоти има повеќе од 38 вработени, „специјалисти во чизми“, со повеќегодишно шумарско искуство. Нивната задача е на клиентите да им даваат информации директно од терен, но и да се осигураат дека клиентот ќе заработи нешто од својата инвестиција.

Меѓутоа, кај „зелените“ инвестиции тешко може да се предвиди кога точно ќе се соберат плодовите од инвестицијата. На пример, заработка има од производството на граѓа, од посевите, од маслото, но инвеститорите мора да бидат свесни дека тоа е долгорочна инвестиција. На пример, шумата може веднаш да донесе заработка, но за повторно да се случи може да поминат години и децении, во зависност од староста на дрвата, од пазарните услови и дали се зрели или штотуку засадени дрвја.

Извор:иновативност.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close