fbpx
Вести

Нов закон за зелените пазари: Пазарџиите ќе продаваат ако имаат лиценца

pazar

Наместо регистрирање на фирма преку Централен регистар, Комората на трговци ќе издава лиценци. Нема да има фискализација на пазарите во земјава. Ова се дел од одредбите на новиот закон за трговија на зелените пазари кои минатата недела го поминаа собранискиот филтер. Претседателот на комората на трговци Екрем Долек рече дека ќе ги издаваат и ќе ги поделат лиценците по пазарите бидејќи од здружение на пазарџии се регистрирале во комора.

За да добијат лиценци, пазарџиите треба да докажат дека поседуваат тезга под закуп. Лиценцата ќе има рок на важност од една година. Доколку лиценцата не се продолжи, на закупецот ќе му биде одземена тезгата и се брише од негова сопственост од листата пазарџии. Министерствата за финансии и економија дополнително ќе го договараат износот за добивање на лиценца.

Вкупниот приход во државната каса од работата на пазарите е над 5 милиони евра. Во земјава има повеќе од 20 000 регистрирани тезгаџии. А проценките се дека од дивите продавачи државата губи повеќе од 800 000 евра годишно.

Ќе се плаќа персонален данок на државата, како и здравствен и инвалидски надоместок“, вели Долек.

Минатата недела во Собранието се изгласа законот за трговците на зелените пазари, а во текот на оваа недела ќе излезе и во Службен весник.


 

бизнисвести.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close