fbpx
ВестиМакедонија

Ново заладување, дожд и снег

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Во овој период ќе преовладува променливо облачно и студено време со сончеви периоди

Времето денеска умерено до повремено значително облачно. Преку денот на планините и понекаде на повисоките места ќе провејува слаб снег. Ќе дува умерен северозападен ветер. Од вечерните часови од југ ќе се прошират врнежи кои ќе бидат од снег на планините и на повисоките места, а во планинските региони снег ќе провејува понекаде и на пониските.

Максималната ќе  достигне од 3 до 14 степени.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Во овој период ќе преовладува променливо облачно и студено време со сончеви периоди и претежно на планините повремено ќе провејува снег. Преку ноќта кон петок од југозапад ќе се прошират врнежи кои понекаде и на пониските места ќе бидат од снег. Утринските температури до петок во најголем дел од земјава ќе бидат под нулата, а потоа малку ќе се покачат. Нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места од снег, ќе започне во сабота.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close