Започната е нова кампања, со цел запирање на унишувањето на природата и спасување на ресурсите потребни за живот во руралните подрачја на Европската унија.
Граѓанските организации од цела Европска унија испратиле предлог до Европската комисија за Европска граѓанска иницијатива (ECI), по пат на која се бараат нови закони со кои постапно би се укинале пестицидите, би се обновила биолошката разновидност и би се поддржале земјоделците и на тој начин би се трансформирал прехранбениот и земјоделскиот систем, наведува www.pan – europe.info.
Меѓународните научници, последните месеци, повикуваат на итна „трансформациска промена“, како би се запрел колапсот на природата. Една четвртина од европските диви животни, сериозно се загрозени, половина од природните наоѓалишта се во неповолна состојба, а самиот екосистем пропаѓа. Научниците повикуваат на намалување на употребата на пестициди, заедно со премин на еколошко одгледување, како би се забавил масовниот пад на популацијата на инсекти. Покрај тоа, нагласуваат дека во ЕУ, четири милиони мали земјоделски стопанства ги снемало во периодот помеѓу 2005 и 2006 година, а нив ги замениле со големи земјоделско – индустриски компании кои дополнително ја влошиле кризата.
ECI ја повикува Европската комисија да ги уважи следните предлози:
- Постепено укинување на синтетичките пестициди до 2035 година: постепено укинување на синтетичките пестициди во земјоделството во ЕУ за 80% до 2030 година, почнувајќи од најопасните, како би се укинале 100% пестициди до 2035 година,
- Обнова на биолошката разновидност: обновување на природниот екосистем во земјоделските подрачја, така што земјоделството ќе стане вектор за закрепнување на биолошката разновидност,
- Да се поддржат земјоделците во транзиција: реформирање на земјоделството со давање на приоритети на малото, разновидно и одржливо земјоделство, поддржувајќи ја забрзаната агроеколошка и органска пракса и овозможувајќи независно земјоделско образование и истражување на земјоделството без пестициди и ГМО.
Кампањата ја покренал меѓусекторскиот сојуз на организации на граѓанското општество кој се занимава со заштита на животната средина, здравје, земјоделство и пчеларство.
Адриан Беб од Пријателски Земји на Европа, предупредува дека природата исчезнува со невидена брзина. „Ја започнуваме оваа кампања, за да покажеме дека јавноста сака оние кои носат одлуки да преземат многу силни чекори на трансформација на земјоделството, зачувување на природата и поддршка на земјоделците“.
„Моментално индустрискиот земјоделски моделзависи од монокултурата и интензивната употреба на синтетички пестициди, кои не само што ја загадуваат нашата храна и околина, туку се и еден од главните уништувачи на биолошката разновидност и колапс на екосистемот. Нема смисла да се одржува системот кој ни штети нас и на нашата околина. Под итно мораме да ја укиниме употребата на пестициди и повторно да го ставиме здравјето на луѓето и планетата во центарот на земјоделската политика на ЕУ, нагласува Д-р Мартин Дермин од мрежата против пестициди (PAN).
Ваквиот начин на производство покажува поддршка на земјоделството без пестициди, што е во насока на градење на чиста и одржлива иднина.
Томас Радецки, пчелар од Фондацијата Аурелиа, нагласува дека „За опстанок на пчелите и пчеларите, потребни се различни пејзажи и еколошки прифатливи стопанства. На пчеларите и земјоделците потребна им е амбициозна, но реална, системска промена која е возможна само со ригорозни постапки на укинување на синтетичките пестициди и новата насока на земјоделските политики на ЕУ.
Зелена берза