fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

ЈП„Стрежево“ со донација за Клиничка болница – Битола

„Стрежево“ оваа година ќе ги пренамени финансиските средства предвидени за рекламен материјал во донации каде што е најнеопходно.

Јавното претпријатие Стрежево продолжува со донации пред Новогодишните празници.
Како што претходно најавивме, Стрежево оваа година ќе ги пренамени финансиските средства предвидени за рекламен материјал во донации каде што е најнеопходно.
Денес дониравме медицинска заштитна опрема и флаширана вода за вработените во Клиничка болница „Др.Трифун Пановски“ – Битола.
Лекарите и медицинските сестри деноноќно се грижат за пациентите со Ковид 19. Нивниот неуморен напор е извонредно достигнување што заслужува целосно почитување и поддршка.
Донацијата се состои од заштитни ракавици и пакети со средства за дезинфекција, согласно потребите на болницата.
Се надеваме дека дополнително ќе придонесеме, во побезбедно и поефективно делување на медицинскиот персонал во Клиничка болница.
Здравствените работници кои работат во првите редови во борбата против пандемијата се изложени на многу различни ризици во однос на нивното здравје и безбедност.
Нивната улога во справувањето со пандемијата е клучна, а секој поединец и колектив треба да даде придонес и поддршка на медицинскиот персонал во борбата со невидлиот непријател.
И за крај, сакаме да напоменеме, Стрежево спроведува засилен санитарен протокол низ сите свои оддели за да ги заштити вработените, и да создаде услови за успешно функционирање во услови на новата нормалност.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close