fbpx
ВестиТоп вести

Нова опрема и технологии на саемот во Ресен

 

Само едуциран  и опремен овоштар може да постигне резултати во својата дејност. Во денешно време овоштарите  може да си го дозволат и едното и другото.

Во рамки на манифестацијата „Преспански јаболкобер“ 2019  на  плоштадот во Ресен беше организиран саем  на кој беше презентирана најразлична опрема што  им е потребна на овоштарите. Синпекс Битола, кој е дистрибутер на современа земјоделска и приклучна механизација редовно учествува на ваквите настани.

„Синпекс Битола ги следи сите новини во техниката и технологијата на земјоделската опрема. На овој саем презентираме претежно опрема што им е потребна на овоштарите: трактори, платформи, атомизери, фрези, косачки и др. Овоштарите ги следат новините во оваа област така што ние како реномирана компанија со долгогодишно искуство, се обидуваме да им го доближиме сето она што ќе може да се употреби во оваа дејност. Интерес секогаш има и затоа се обидуваме да им обезбедиме и услови да може таа опрема заинтересираните   полесно да ја набават; вели Стефче Гроздановски раководител на комерцијална служба во Синпекс Битола.

Покрај во готово производите од Синпекс може да се купат и на кредит на рати,  по многу поволни услови со 1,9 % преку Прокредит банка.

Од најразлични ножици за режење, трактори од омилените брендови на земјоделците, Тафе и Џон Дир, атомизери и останата опрема.

„Новина што на овој саем ја промовираме е меѓу редната фреза од италијанската марка Оризонти. Таа е последно технолошко достигнување  кое на многу  успешен  начин ја извршува обработката меѓу редовите  во овошните насади, при тоа без да се направи некое оштетување на садниците“, вели Александар Крстевски од „Агро Гвро“  , дилер на земјоделска механизација и опрема  во Ресен, долгогодишен соработник на Синпекс Битола.

Посебна атракција се тракторите од марката Џон Дир. Овој пат во фокусот на вниманието беше тракторот од Серијата „B“ со 50 КС кој во редовна продажба и екстра поволни цени ќе се најде по Нова година.

 

Органското производство на јаболка е проект кој во Преспа се спроведува веќе две децении.  Локалната акциона група „Преспа“ Ресен  на овоштарите во Ресен ги промовираше  органските препарати  со кои може да се постигне добар квалитет.

 

„Се зголемува интересот  за органско производство на јаболка. За овој начин на производство потребна е дисциплина и секако постојано едуцирање. Овде заедно со претставник на фирмата Биоинженеринг како и земјоделска аптека промовираме палета на органски препарати. Ресен е првата општина што почна со компостирање ( обработка на органскиот отпад). Тим од врвни експерти во таа област веќе две децении се бават со таа проблематика, а сега е моментот да се видат резултатите, како може на овој начин да се добие квалитетен производ, а во истовремено  да се намали загадувањето. Постигнати се извонредни резултати на поле на габични заболувања. Во идниот период  проектот ќе се прошири на повеќе пилот фарми во општина Ресен, изјави за Зелена берза Љупчо Крстевски од ЛАГ „Преспа“ Ресен.

П.Јовановска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close