
Ќе се обесштетат земјоделците од пролетните мразеви од 2017, утре владата ќе одлучи за износот на процентот на обесштетување, вели Николовски
Министерството за земјоделство треба да обесштети над 16.000 земјоделци кои беа погодени од минатогодишните доцни пролетни мразови. Штетите на овошните и лозовите насади и на останатите култури беа големи, а во одредени региони земјоделците немаат род.
Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски на средбата со земјоделците од истокот забележа дека исплатата ќе се изврши наскоро, бидејќи станува збор за обемна постапка, која требало да ја завршат сите институции.
Воедно Николовски посочи дека во вторник на седница, Владата ќе донесе одлука за износот на процентот на обесштетување и веднаш потоа ќе биде реализирана исплатата. При тоа појасни дека паралелно се работи на цел систем за заштита од климатските промени како и на нов концепт за зголемување на осигурувањето на земјоделското производство.