fbpx
Вести

Временските услови голем непријател на земјоделците

zemjodelci

Поради временските услови, недоволна влага на почвата, ниските утрински температури, тешко проникнуваат растенијата и се забележува послаб развој во однос на минатата година. Ова се однесува како на житните така и на градинарските култури кои се почувствителни на временски услови, што ќе влијае врз нивниот понатамошен развој. И покрај ваквите временски услови, сеидбата се одвива непречено. Земјоделските претпријатија пријавиле дека годинава ќе насадат поголеми површини од планираните

Временските услови годинава не се на страна на земјоделците. Покрај проблемите со мразот во април, кога измрзнаа голем дел од лозовите насади, овошките и раноградинарските култури, во екот на пролетната сеидба земјоделците се борат и со сушата.

Покрај Скопскиот, Пелагонискиот, Светиниколскиот и Струмичкиот регион суша има и во другите региони во државата, освен во Тетовско каде што годинава паднаа повеќе дождови.

– Јачменот е добар, а родот од есенската пченицата е послаб се чекаат дождови за да има кластење и налевање на зрното што ќе резултира со поголем принос, вели Огнен Оровчанец, претседател на Агробизнис комората при ССК.

Тој вели дека, мразот предизвикал проблеми и кај житните култури. Измрзнување имаше кај сончогледот и пченката кои беа во фаза на никнење, додава Оровчанец.

Од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, објаснуваат дека поради временските услови, недоволна влага на почвата, ниските утрински температури, тешко проникнуваат растенијата и се забележува послаб развој во однос на минатата година.

Ова се однесува како на житните, така и на градинарските култури кои се почувствителни на временски услови, што ќе влијае врз нивниот понатамошен развој.

И покрај ваквите временски услови, сеидбата се одвива непречено. Земјоделските претпријатија пријавиле дека годинава ќе насадат поголеми површини од планираните.

Пролетната сеидба на дел од житните култури во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане е завршена, а во Крива Паланка засадени се речиси деведесет отсто од житните, земјоделски и фуражни култури кои се предвидени со Планот за пролетна сеидба годинава.

– Јачмен и компир се посеани на по 230 хектари, од кои јачменот е посеан сто отсто од планираната површина, додека останува да се посее компир на уште 70 од вкупно планираните 300 хектари. Комплетно е завршена сеидбата на пролетен рж, овес, кромид, лук и грашок, а посеана е и целата површина планирана за фуражни култури, луцерка, детелина и добиточен-грашок, сено, информираат од Подрачната единица на МЗШВ, Крива Паланка.

Најмал е процентот на засеана површина со пченка, десет отсто, а од планираните вкупно 320 хектари засеани се само 32.

Најголем дел од површините се засеани од страна на индивидуални земјоделци, 790 хектари, додека на 170 хектари површина сеидбата ја реализирале земјоделските стопанства.

Според информациите од Подрачната единица на МЗШВ, целосно е завршена сеидбата на житните култури, пролетната пченица, ‘рж, овес и останува да се насадат уште 3.600 хектари со пченка.

И пролетната сеидба на градинарските култури на површина од 4.886 хектари се одвива непречено изминативе денови.

– Лукот речиси целосно е насаден, приближно и кромидот, земјоделците во овој период насадиле речиси половина од предвидените површини со компир. Вкупно околу 40 отсто од планираните површини со градинарски култури се насадени, информираат од МЗШВ.

Фуражни култури се садат на површина од 2.249 хектари, при што речиси 90 проценти од површините се насеани со пролетни фуражни култури, детелина, добиточен грашок, репка.

Вкупно во трите општини, според податоците на подрачната единица со пролетна сеидба планирано е да се насадат 14.101 хектар.

Во Виничко освен пченката, пченицата и јачменот ќе бидат застапени со по 350 хектари, 35 ќе бидат под тутун, 122 хектари со индустриска пиперка, а во пораст се површините под грав кој ќе се сади на 40 хектари.


 

вечер.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close