fbpx
Вести

Нови 140 милиони евра за земјоделството

ministerstvo

Со усвојувањето на Програмата за финансиска поддршка на земјоделството за 2018 година продолжува исплатата на субвенциите за земјоделците.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска соопшти дека со програмата се предвидени 6.210.500.000 денари. Субвенциите се исплаќаат за две буџетски години, за 2017 и до 30 јуни годинава кога е законскиот рок.

– Во Програмата за директна финансиска поддршка во земјоделството, се имплементирани мерките за поддршка на доходот на земјоделските стопанства, односно мерките за директни плаќања за растително и сточарско производство, како и мерките за дополнителна поддршка, како што се помош во премии и осигурвање, заштита на земјоделско земјиште, помош за загуби предизвикани од природни непогоди и неповолни климатски настани кои се случиле во 2016 година и во 2017 година, дополнителна помош за загуби предизвикани од природни непогоди и неповолни климатски настани кои се случиле во 2016 и во 2017 година, финансиска поддршка за складирање на пченица од домашно производство од род 2018 година и друго, се наведува во соопштението.

На вчерашната владина седница е одобрена и Програмата за рурален развој за која се обезбедени 2.132.000.000 денари. Усвоени се и програмите за фитосанитарна политика, за развој и унапредување на ловството и за одгледување и заштита на дивечот под заштита во репроцентрите, како и Програмата за проширена репродукција на шумите за годинава.

Усвоена е и Методологијата за процена на пазарната вредност на земјоделско земјиште во државна сопственост под оранжерии и објекти кои се во функција на земјоделското производство, како и информациите за објавување јавни огласи за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до и над три хектари. Со огласот за над три хектари се дава во закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата во Виница, Гевгелија, Струга, Кавадарци, Кратово, Кочани, Неготино, а до 3 хектари во Неготино, Берово, Пробиштип, Кисела Вода, Кичево и Прилеп.


 

бриф.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close