fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Нови детали за убиството во село Калуѓерец – Убиен војник во Македонски брод по банална расправија, осомничено едно лице

Повод за убиството била банална вербална расправија од приватна природа. Обвинителството побарало притвор за осомничениот.

Обвинителството ќе спроведе истрага против 21-годишник кој е осомничен за убиство на војник во Македонски Брод.  Според соопштението, осомничениот со ловна пушка вчера го застрелал 31-годишниот професионален војник во АРМ во двор на куќа во селото Калуѓерец. Повод за убиството била банална вербална расправија од приватна природа. Обвинителството побарало притвор за осомничениот.

„Осомничениот со умисла лишил од живот едно лице во двор на куќа во селото Калуѓерец, нанесувајќи му огнострелна повреда со куршум од ловна пушка. Жртвата е 31-годишен професионален војник во АРМ, но повод за убиството е банална вербална расправија од приватна природа“, соопшти ОЈО Скопје.

МВР соопшти дека по убиството биле приведени 4 лица, меѓу кои и осомничениот. Убиството се случило во куќата на еден од приведените 63 годишниот Т.Т околу 23 часот, а според полицискиот билтен, при чистење на ловечка пушка бил испукан куршум кој ја погодил жртвата, со која сите заедно биле на лов.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close