fbpx
ВестиТоп вести

Нови мерки за да се спречи свинската чума

Во обидот да се спречи свинската чума да допатува во земјава, на граничните премини веќе е забрането да се внесуваат сувомесни производи што содржат свинско месо, бидејќи и тие можат да бидат потенцијален пренесувач на заразата. Откриените се уништуваат на депонијата Дрисла. Но Министерството за земјоделство сака да оди и чекор натаму, па со првите луѓе на Агенцијата за храна и Јавното претпријатие за паркинзи веќе се разговарало за нови превентивни мерки, ќе се контролира и отпадот од туристите низ паркинзите. Нив нема да им се вршат никакви проверки.

„Разговаравме со АХВ и со ЈП за паркинзите, каде треба да се внимава, бидејќи сега на минување имаме туристи кои ќе застанат на паркинг, кои може да користат вакви намирници, и потоа ги оставаат во контењер, исто така се работи и на таа организација“, вели Трајан Димовски, министер за земјоделство.

Од земјоделство велат дека институциите ги преземаат сите мерки болеста да не дојде овде. Отстрелот на дивите свињи кои се најчести преносители се дозволи два месеци порано, а во оние ловишта на кои им се одземени концесиите, ловните дозволи ќе ги издава ЈП Македонски шуми.

Нема проценки за потенцијални штети доколку свинската чума сепак се појави, но не е тајна дека тоа би бил голем удар, свињарството е една од клучните сточарски гранки и ги задоволува домашните потреби барем за свежи месо. Не стравуваат од зголемување на цената на свинското, велат, граѓаните поради страв помалку ќе купуваат свинско месо.

А болеста коси во соседна Бугарија, повеќе од 120.000 свињи се убиени во обид да се ограничи бројот на случаи. Штом болеста се појави се уништува цела фарма и потоа се прогласува карантин од 9 месеци, нема ни вакцина што би помогнала. Штетите тамошните медиуми ги процениле на 300 милиони евра.


 

telma

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close