Стартуваше откупот на арпата од годинашната реколта во Кочанско

(Oвој напис е објавен на: March 3, 2017)

startuvashe otkupot na arpata od godinashnata rekolta vo kochansko

 

Откупот на арпата од денеска го започнаа шест откупни компании од подрачјето на Кочанскиот регион. Синоќа заменик министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски имаше средба со откупувачите на оризова арпа и бел ориз, на која порача да се почитува постигнатиот договор за откуп на арпата се со цел оризопроизводителите да го предадат оризот.

– Заменик министерот за земјоделство Костадиновски на средба со откупувачите и преработувачите на ориз од општина Чешиново-Облешево и Кочани ги дообјасни сите нејаснотии во детали и ги повика оризопроизводителите од денес да го предадат оризот во откупните претпријатија, бидејќи откупувачите доследно ќе се држат до договореното, изјави Ставре Јанев пртседател на Самостојниот синдикат на оризопроизводители во Македонија.

Тој истакна дека оризопроизводителите ќе може да предаваат оризова арпа и бел ориз по цена од 18 до 20 денари за поситните сорти, а за покрупите сорти на белиот ориз цените ќе се движат од 20 до 22 денари во зависност од квалитетот. Во зависност од влагата која е присутна во оризовата арпа ќе има толеранција од страна на откупувачите, па оние кои продаваат оризова арпа до 16 проценти влага нема за тоа да имаат одбитоци. Што се однесува за процентот на влага од 17 до 20 проценти, одбитокот ќе биде според воспоствената пракса од 3 проценти на предадената количина.

Јанев во изјавата за МИА истакна дека ќе се следи состојбата со откупот на оризовата арпа, бидејќи интерес и на откупувачите е доследно да се  почитува договорот за откуп. Тие ги повикуваат сите оризопроизводите да го предадат оризот кај регистрираните компании на теренот, со што, се посочува, веднаш ќе добијат 20 проценти авансно плаќање во однос на предадениот ориз, а остатокот од средствата ќе го добијат согласно законот, во рок од три месеци.

Share Button