Новите тутунарски здруженија се сомневаат во легитимитетот на Сојузот на земјоделски здруженија на Стомнароски да ги застапува пред институциите
Го повикуваме претседателот на ССЗ, Менде Стомнароски со целосна заштита на личните податоци да го објави списокот со име и презиме на тутунопроизводители кои членуваат во здруженијата членки на ССЗ.
Новите тутунарски здруженија се сомневаат во легитимитетот на Сојузот на земјоделски здруженија на чие чело е Менде Стомнароски.
Во дописот испратен до Зелена берза стои-
Сомневајќи се во легитимитетот на Сојузот на земјоделски здруженија испративме писмо до МЗШВ со можност за увид во списоците на членови -тутунопроизводители кои членуваат во овие здруженија, а кои се членки на Сојузот, и врз основа на кои членови се добива согласност за највисока асоцијација на тутунопроизводители. Во одговорот од МЗШВ стои дека во СЗЗ членуваат 8156 тутунопроизводители или 35% од вкупниот број евидентирани тутунопроизводители во ИСЕТ системот и дека Сојузот во својот состав обединува 6 тутунски здруженија и според тоа е донесено решение за овластување на Сојузот за највисока асоцијација на тутунопроизводители на 18 Октомври 2019 година.
Одговор како во 2020 и 2021 година е добиено овластување, не добивме, иако тоа по закон се добива секоја година. МЗШВ исто така ја исклучи можноста за увид во списоците да видиме кои се овие 8156 тутунопроизводители кои потпишале пристапница своерачно. Го повикуваме претседателот на ССЗ, Менде Стомнароски со целосна заштита на личните податоци да го објави списокот со име и презиме на тутунопроизводители кои членуваат во здруженијата членки на ССЗ. Во прилог ви го доставуваме одговорот од МЗШВ.
Со почит
Од новоформираните здруженија.