fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Новите тутунски здруженија бараат одлука за елементарна непогода и „зелена нафта”

Владата треба да прогласи елементарна непогода.

Новоформираните тутунски здруженија од Прилеп побараа Владата да донесе одлука за прогласување елементарна непогора зашто сушата го преполови производството. Мерката зелена нафта е добра, но бараат да има и за тутунарите и за сточарите.

Според Игор Мирчески, координатор на четирите новоформирани здруженија, Владата треба да прогласи елементарна непогода.

– Сушата зафати уште при расадувањето. Оваа е тешка година, не само за тутунопроизводството, туку и за другите култури. Сушата го преполови родот, а некаде, каде немаше наводнување и до 70-80 насто. Онаму каде што заврна беше проследено со град, па никој од надлежните не излезе да процени штети. Затоа бараме, со чиста совест, ако сака Владата да помогне, најбрзо што може да донесе одлука за прогласување елементарна непогода, изјави Мирчески.

Мирчески вели дека нема одговор зошто тутунарите и сточарите се изземени за користење на мерката „зелена нафта”.

– Мерката „зелена нафта е за поздравување, но повеќето земјоделци сметаат дека е задоцнета. Од друга страна, по трет пат се спроведува оваа мерка, но не се опфатени ниту тутунарите, ниту сточарите. Прашуваме отворено зошто е така. Баравме одговор од надлежните, но досега не добивме, рече Мирчески. ем/мч/

Прилеп, 27 август 2021 (МИА)

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close