Нема „црна“ листа за фармерите кои ќе пријават повеќе земја за субвенции

(Oвој напис е објавен на: February 24, 2017)

За земјоделците кај кои ќе се утврди помала површина земја или помалку добиток од пријавеното во барањето за субвенции, казните ќе бидат поблаги и нема да бидат на „црна“ листа.

nema crna lista za farmerite koi kje prjavat povekje zemja za subvencii

 

Ако претходно се казнуваа со 3 години забрана за исплата на финансиска поддршка, сега забраната е сведена на една година.

Земјоделците кои од какви било причини во барањето за субвенции навеле поголем број добиток или површина, нема да се ставаат на „црната“ листа на Платежната агенција.

Доколку по извршената контрола се утврди разлика меѓу пријавената во барањето на подносителот и фактичка состојба на теренот, земјоделското стопанство ќе се исклучи од директни плаќања само за тековната, а не и за наредните три години.

Доколку неусогласеноста се повтори и во наредните пет години тогаш казната повторно се зголемува и земјоделецот нема да има право на исплата на субвенции за тековната и за наредните три години.

Share Button