
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Ново во МЗШВ – ќе се прави посебно одделение кое што ќе се занимава со климатските промени
Сите земјоделци ќе бидат обесштетни од штетите од климатските промени
Министерството е во фаза на формирање на посебно одделение кое што ќе се занимава со климатски промени.
Речиси сите локални самоуправи имаат формирано комисии согласно законската процедура која што ние е на располагање. Ќе се објават повици и сите земјоделци кои што имаат претрпено штета да пријават и Комисијата која што е во рамки на локалната самоуправа ќе излезе на терен и ќе направи проценка на оштетеното.
Согласно законската регулатива, секоја од Комисиите ќе изработи Извештај на процент на оштетеност на земјоделска култура која што ќе се проценува. И истиот тој Извештај ќе се достави до владината Комисија која што работи на процена на штети од природни непогоди.
Владата ќе донесе Одлука за обесштетување на земјоделците кои што се зафатени од природните непогоди. Секој земјоделец ќе биде обесштетен.
Ние сме тука како Министерство, како Влада да излеземе во пресрет на погодените земјоделци и да им помогнеме во овие тешки мигови, објави министреот Цветан Трипуновски.