fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

НОВО!!!!Исплатени субвенции за обележани грла говеда

Има пари за сточарите!!!

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.

Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои се корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци и кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети запишани во Регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло.

Висината на директните плаќања е 2600 денари по женско грло кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.

По овие основи со финансиска поддршка се стекнаа 4033 одгледувачи на говеда за кои се исплатени 100 милиони денари.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close