fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Oва се среќните фаќачи на Светиот крст во градовите ширум Македонија

Кристијан Ниневски беше најсреќен меѓу верниците кои скокнаа во водите на Вардар по светиот крст на централната манифестација за големиот христијански празник Богојавление – Водици во центарот на Скопје и го извлече крстот од осветените води.

Панчовски вторпат го фаќа чесниот Крст во Делчево. Минатата година тој исто така ја имаше среќа да го извади чесниот крст од водите на река Брегалница, за што исто така доби награда телевизор и 10 илјади денари од Општината.

Општина Ресен и Преспанско – пелагониската епархија големиот христијански празник Богојавление – Водици го прославија во Отешево, каде во водите на Преспанско Езеро беше спуштен светиот крст. Најсреќен меѓу дваесеттемина учесници годинава беше Тони Стефановски од Стење.

 

Помеѓу дваесетината момчиња кои денес во чест на Водици скокнаа по светиот Крст во водите на Каменичка Река во Македонска Каменица најсреќен и највешт беше Гоце Атанасовски.

Втора среќа за делчевецот Васко Панчовски кој денес од водите на река Брегалница го извади чесниот крст по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици.

26-годишниот Трајче Серафимовски од Струмица беше најбрзиот кој го извади Светиот крст од водите во Струмица.

 

Младиот битолчанец Петар Атанасовски е годинешен најсреќен учесник во вековната манифестација фаќање на светиот крст во осветените води која Преспанско – пелагониската епархија ја одржа во црковниот двор на храмот „Св. Великомаченик Димитриј“ во Битола.

Михаил Давитковски е среќникот кој меѓу педесеттемина верници кои денес скокнаа во водите на Крива Река беше најсреќен и го извлече крстот од осветените води на Богојавленскиот водосвет во Општина Крива Паланка.

 

Триесет и двегодишниот кумановец Дејан Цветановски го извади светиот крст од осветените води во мини базенот на соборниот храм „Свети Никола“ во Куманово.

Дваесет и шестгодишниот Филип Стојаноски е најсреќниот прилепчанец, кој го фати светиот крст денеска на Богојавление – Водици од осветените води на базенот при Аквапаркот на хотелот „Салида“.

Триесет и деветгодишниот Горан Јосифовски-Џемо го фати осветениот крст на празнувањето на денешниот празник Богојавление Водици во соборниот храм Свети Кирил и Методиј во Тетово. По осветениот крст освен Горан во црковниот базен скокаа и Бојан Апосотоловски и Васко Апостоловски.

 

Во Кичево 25-годишниот Христијан Врапчески го фати крстот од осветените води во базенот на поранешниот Дом на АРМ.

Петар Руепски од охридската населба Варош беше најсреќниот меѓу неколку стотините верници кои денеска скокаа по Чесниот крст што во осветените води на Охридското Езеро го фрли митрополитот на Дебарско-кичевската епархија, владиката Тимотеј.

На традиционалното скокање по крстот, во духот на големиот Христијански празник Богојавление Водици, во Дебар најсреќен беше Бранко Силјановски, ученик во втора година во дебарската гимназија.

 

Најсреќен меѓу дваесетината млади момчиња кои во осветената вода на реката Вардар се пуштија по чесниот крст на денешниот Богојавленски собор во Гевгелија беше триесетгодишниот гевгеличанец Љупчо Трајков.

извор:Скопје24.мк

Слични написи

Back to top button
Close