fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Обезбедена е пченица од Бугарија, се очекува деновиве и Србија да ја укине забраната за извоз, велат од Владата

Министерството за земјоделство е во комуникација со ресорните министри во Европа и регионот, со сите стопански комори, со економските партнери на Министерството, со преработувачите на зеленчук и овошје, со цел да се одржи стабилноста на извозот и да има непречен пласман на секој земјоделски производ. Се разгледуваат сите опции и во делот на извоз како свежи производи или за преработки за домашната индустрија“, беше посочено на прес-конференцијата.

Портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа, на денешната прес-конференција информираа за донесените одлуки и заклучоци од 36. редовна седница на Владата.

На прашањето за преземените дипломатски активности за барање нови алтернативни пазари за македонските производи во време кога се затвора рускиот пазар, портпаролите истакнаа дека Министерството за земјоделство и Министерството за надворешни работи во овој период се максимално насочени кон обезбедување пласман на земјоделските производи што досега се извезуваа во Русија и Украина.

„Министерството за земјоделство е во комуникација со ресорните министри во Европа и регионот, со сите стопански комори, со економските партнери на Министерството, со преработувачите на зеленчук и овошје, со цел да се одржи стабилноста на извозот и да има непречен пласман на секој земјоделски производ. Се разгледуваат сите опции и во делот на извоз како свежи производи или за преработки за домашната индустрија“, беше посочено на прес-конференцијата.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close