fbpx
Агро бизнисМакедонијаТоп вести

ОБИЛНИ ВРНЕЖИ И ДЕНЕСКА: Постои опасност од излевање на поголемите реки, од среда минус температури

Надлежните апелираат граѓаните да бидат претпазливи особено при движење покрај поголемите реки поради можност од нивно локално излевање. 

Обилни врнежи од дожд ќе има и денеска на територијата на целата земја, но многу поинитензивни во северозападниот дел на Македонија. Иако, се уште нема излевање на реките, постои опасност зголемување на водостојот на поголемите реки. ОД УХМР велат дека и денеска ќе се задржи облачно време со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и поројни, дури проследени и грмежи. Ќе дува умерен, а во повисоките места повремено засилен ветер, претежно од југозападен правец.

– Поради продор на постудена воздушна маса од север, од вторник се очекува ново заладување со локални врнежи од дожд и снег, кои поради натамошно опаѓање на температурите, во среда и петок ќе бидат претежно од снег, информираат од управата за хидрометеоролошки работи.

Надлежните апелираат граѓаните да бидат претпазливи особено при движење покрај поголемите реки поради можност од нивно локално излевање. https://faktor.mk/obilni-vrnezi-i-deneska-postoi-opasnos-od-izlevanje-na-pogolemite-reki-od-sreda-minus-temperaturi

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close