Објавен е повикот за барања за исплата на 50 отсто од трошоците за мерката „Подигнување на нови повеќегодишни лозови и овошни насади, повеќегодишни насади со ароматични растенија и медоносна флора на нови површини, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Мерката е наменета за оние земјоделци кои го подигнале насадот до 31.12.2017 година. Средствата се обезбедени од Програмата за рурален развој 2018, а преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Условите за користење на оваа мерка за следните огласи се изменети, и тоа со цел нивна поефикасна искористеност и поголема сигурност за оние кои вршат набавка. Имено, прво ќе се објавува огласот, потоа ќе се склучува договорот, а по реализираната инвестиција ќе се изврши исплата.
„Со ова мерка овозмоможуваме зголемување на површните со лозови и овошни култури и крајно на производството.“ – велат надлежните.