fbpx
Вести

Санација на главниот испустен вентил на акумулацијата Калиманци

Водостопанство „Брегалница“ од Кочани по завршувањето на наводнителната сезона презема активности за санација на постројките на акумулацијата Калиманци, посебно во делот на главниот испустен вентил за вода.

Директорот на претпријатието Николчо Гоцев истакна дека непосредно по завршувањето на наводнителната сезона и престанокот на испустот на вода од главниот испусен вентил, направена е проверка на исправноста на косата пруга и испусниот вентил за нивно понатамошно користење.

– Претставници од Машинскиот факултет од Скопје заедно со стручни лица од претпријатието извршија детална проверка на косата пруга и главниот испусен вентил на браната при што констатираа дека е потребна итна репарација, како и да се изврши нивно пескарење и фарбање, изјави Гоцев.

Како Водостопанство „Брегалница“, кое стопанисува со Хидросистемот во источниот регион, истакнува Гоцев, ќе вложиме напори да ја провериме целосно деталната каналска мрежа долга над 120 километри, за до крајот на годината да ја санираме, со што подготвени ќе стартуваме во наредната наводнителна сезона.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close