fbpx
Вести

Објавен оглас за земјоделците за кофинансирање на овошни и лозови насади

Објавен е повик за поднесување барања за финансиска поддршка на новите лозови и овошни насади, како и на новите површини со медоносни растенија, подигнати од 1 октомври до 31 декември 2015 година. Повикот се однесува и на набавениот добиток во истиот период од признати одгледувачи.

Како што соопштија на прес-конференција заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски и директорката на Платежната агенција Билјана Вуковиќ, рокот за пријавување е до 29 февруари годинава, а право на користење на средствата имаат евидентираните, регистрирани земјоделци.

objaven oglas za zemjodelcite za kofinansiranje na ovoshni i lozovi nasadi

 

Максималната вредност на инвестициите кои, зависно од типот се кофинансираат 50 до 75 отсто, е до 2,5 милиони денари за новите и до 6,5 милиони денари за набавениот добиток.

– Досега за оваа намена се исплатени преку 1,1 милион евра на повеќе од 400 земјоделци. По барање на лозарите, овоштарите, сточарите, продолжуваме со реализација мерките од Програмата за рурален развој, истакна Костадиновски и апелира, сите заинтересирани што реализирале инвестиции во есенскиот период на сеидба и во истиот тој период набавиле добиток, да ги подготват документите и поскоро да ги достават до платежната агенција.

zabrana-sadnje-vinograda-do-2015-680x510

Директорката Вуковиќ потенцира дека за поддршката може да аплицираат само земјоделците кои подигнале не само нови, туку и точно утврден број садници. Воедно додаде дека при доставувањето на барањата, треба да се води сметка и за тоа, дали насадите се подигнати во посочениот период на кој се однесува огласот, 1 октомври до 31 декември 2015 година.

– Најчеста причина за одбивање на апликантите е непочитувањето на утврдениот минимален број насади што треба да се подигнат. Зависно од културата која се сади и проредот, дефинирани се минимум критериуми во однос на бројот насади кои мора да бидат исполнети, подвлече Вуковиќ.

Освен прегледот на доставената документација, рече, се вршат и контроли на терен кои треба да утврдат дали состојбата соодветствува на напишаното во апликацијата.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close