вести

Раст на трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун

Трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во ноември годинава номинално порасна за 5,8, а реално за 3,5 отсто во однос на истиот месец од претходната година, а Трговија на мало со автомобилски горива номинално е зголемена за 10,3, а реално за 4,2 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, намалување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво и тоа номинално за 6,3, а реално за 4,8 отсто и Трговија на мало, освен трговија со горива, номинално за 1,2, а реално за 2,5 отсто.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close