fbpx
Вести

Објавена новата програма за рурален развој

traktor

Објавена е новата програма за рурален развој во износ од 35 милиони евра. Земјоделството со помош на оваа програма секоја година ја зголемува конкурентноста во производството и го подобрува животот во руралните средини.

Подигнување на нови лозови и овошни насади, набавка на добиток, механизација, системи за наводнување и поддршка на младите земјоделци се мерките кои и оваа година ќе се ко- финансираат преку програмата за рурален развој.

Покрај зголемувањето на конкурентноста на земјоделските стопанства се обезбедува и финансиска помош за изградба на нови локални патишта, водоводи и инфраструктурата во руралните подрачја.

Преку оваа програма ќе се субвенционираат и 50 проценти од банкарските камати за земјоделските кредити.

Краен рок за поднесување на барања за исплата на поддршката за набавени педигрирани јуници, овци, кози и свињи, за периодот од 1 октомври до 31 декември 2017 година е 28 февруари 2018 година.

Како што е предвидено во програмата за рурален развој во истиот термин се поднесуваат и барањата за субвенционирање на подигнатите нови повеќегодишни лозови и овошни насади.


 

мрт

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close