fbpx
Вести

Раст на цените за 1,5 проценти

ceni na hrana

Зголемување на трошоците на живот во јануари во споредба со истиот месец лани, за 0,6 отсто, и зголемување на цените на мало за 1,5 отсто, забечежа државната статистика.

Според Државниот завод, поскапувањето на трошоците во споредба со претходниот месец се должи пред се на: свежиот и разладениот зеленчук (освен компирот) – 4,5%, свежото и разладеното овошје – 3,4 %, млекото – 1,4 %, течните горива за домаќинствата -9,1%, информатичка опрема – 6,4 %, течните горива и мазива – 6,2 % и телефонските и телефакс услугите – 0,8 %.
Намалување е забележано кај: рибата и морските плодови – 1,3 отсто, сушеното, соленото и чаденото месо -0,6 %, болничките услуги – 5,7 %, туристичките пакет аражмани – 5,4 %, обувките – 1,7 % и лековите – 0,6 %.
Според синдикалната потрошувачка кошница на просечно четричлено семејство во декември му требале 520 еврa за да ги подмири основните трошоци. Од нив најмногу или 41 отсто се трошат за храна и пијалоци, по нив следи домувањето, за комунални трошоци и покуќнина за што просечно семејство троши околу 10.000 денари месечно. Граѓаните се жалат на ниските плати и пензии кои мора да ги трошат внимателно за да го протуркаа месецот.
Иако државните податоци говорат за зголемување на вработеноста, сепак, велат економистите, нема подобрување на животниот стандард на граѓаните и нивната куповна моќ, посочуваат, се уште е многу слаба.
Од Институтот Фајненс тинк изработија иконографик кој покажува дека минмалната потрошувачка кошничка не можат да си ја дозволат сите семејства. Од него може да се види дека на четиричлено семејство со 2 деца и родители кои примаат минимална плата му недостигаат 7.000 денари за да ги задоволи основните животни потреби..
Иконографикот на Институтот за македонските плати покажува, пак, дека дури 43 отсто од вработените се обидуваат да преживеат со плата помала од 12.000 денари, додека половина од вработените во земјава земаат плата од 12.000 до 25.000 денари што е повторно под минималната потрошувчака кошница. Само 8 отсто од вработените заработуваат повеќе од 25.000 денари месечно, односно само еден од десет вработени.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close