Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Облачно и студено со дожд и снег
Од сабота следува период на стабилно, суво и понатаму студено време.
Претежно облачно и студено со локални врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Во Скопје, претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а во повисоките делови од котлината од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Ќе се задржи променливо облачно, студено и ветровито време со локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Од сабота следува период на стабилно, суво и понатаму студено време.