
Агро бизнисБез категоријаВести
Облачно и ветровито, на некои место и дожд
Утринските температури ќе бидат од 10 до 17 степени, а дневните ќе се движат во интервал од 16 до 27 степени.
Променливо облачно и ветровито време со локален дожд кој претежно во западните и јужните делови на државата каде е можна и појава на грмежи, најавува УХМР за денеска.
Утринските температури ќе бидат од 10 до 17 степени, а дневните ќе се движат во интервал од 16 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен североисточен ветер.
За утре, пак, се очекува умерено облачно време, а во јужните делови облачноста ќе се зголемува и ќе има локален дожд.