Облачно и врнежливо, во среда краткотрајна стабилизација на времето
Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени.
Претежно облачно време ќе преовладува денеска во државава. Попладне од западните кон централните делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец кој ќе биде поизразен вдолж Повардарието.
Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.
Во следните денови ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд, а на планините ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен јужен до југозападен ветер. Во среда ќе има краткотрајна стабилизација на времето, а потоа повторно се очекува нова краткотрајна нестабилност.