fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Облачно со повремени врнежи од дожд, температура до 17 степени

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени.

Времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено во северните делови. Во западните делови ќе дува повремено силен ветер (над 60 км/час) од југозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени.

Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи. Од четврток, дневните температури ќе бидат во пораст, позначителен за време на викендот кога насекаде ќе бидат над 20 степени. Во петок на повеќе места ќе дува повремено силен ветер (над 60 км/час) од јужен правец, информираат од УХМР.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close