![](https://zelenaberza.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/dsc_0057_800x532-780x470.jpg)
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Облачно со врнежи од дожд, на повеќе места ќе бидат поројни и обилни (над 30 л/м2)
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13 степени.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС (03.04): Облачно, почнувајќи од јужните делови со врнежи од дожд, кои попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе бидат поројни и обилни (над 30 л/м2). На планините и на некои повисоки места во западните делови врнежите до крајот на денот ќе преминат во снег, а во текот на ноќта во овие подрачја се очекува и формирање на снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13 степени.
Во Скопје облачно, попладне и во текот на ноќта со пообилни врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 13 степени.
![Можно е да е слика од текст кој вели „ден вторник (04.04) среда (05.04) време четврток (06.04) петок (07.04) Bemep сабота (08.04) 0 по 7 мин.тем. PC) мак.тем. (C) 3 до 3 променлив 3 до 10 до 2 5 до 14 3 до 3 до 14 -1 до 6 9 до 16 8 до 15“](https://scontent.fskp4-1.fna.fbcdn.net/v/t39.30808-6/338887101_3095985254040590_6804931145195717532_n.jpg?_nc_cat=102&ccb=1-7&_nc_sid=730e14&_nc_ohc=Gbiy-O1G0wIAX-PobKz&_nc_ht=scontent.fskp4-1.fna&oh=00_AfBOQjwkHFc5iYL4s86tDgU0em67w9qs0nP5TDu1qyezJA&oe=642E85D2)
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Под влијание на циклонска активност утре ќе има врнежи од дожд, кои попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе бидат поројни и обилни (над 30 л/м2). На планините и на некои повисоки места во западните делови врнежите до крајот на денот ќе преминат во снег. Врнежи се уште ќе има и во вторник претпладне, а во западните делови во повисоките подрачја се очекува формирање на снежна покривка. Утре, а особено во вторник ќе дува засилен северен ветер што ќе услови значително намалување на дневната температура. Потоа ќе преовладува променливо и посвежо време, во среда се уште со услови претежно на планините да провејува слаб снег.