fbpx
Вести

Органско производство: Ниски цени, високи трошоци

Македонските органски производители, продавајќи главно на домашниот пазар, неможат да постигнат повисоки цени.  Потрошувачите немаат доволно пари, а трошоците се големи.

organsko proizvodstvo niski ceni visoki troshoci

 

Лани под органско производство се регистрирани вкупно 3.000 хектари, а со овој бизнис се занимаваат скоро 500 фармери.

Големите трговски ланци во Европа ја бараат органската храна, што е шанса и за македонските производители.

Македонија може да произведува и продава повеќе на европскиот пазар, но земјоделците е потребно да склучуваат договори за најмалку три години со странските трговци и да обезбедат и гарантираат доволни количества, велат експертите.

Побарувачката за органски производи се зголемува во глабални рамки.

Лани вкупно од продажбата на светскиот пазар се заработиле 90 милијарди долари, наспроти 15-те милијарди од пред една и пол деценија.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close