Обуката за процена на тутун на проценителите кои имаат Лиценца за процена на тутун ќе трае до 30-ти април 2021 година
Важно за тутунарите- Обуката ќе ја спроведе комисија составена од компетентни лица вработени во Научниот институт за тутун - Прилеп
За изведување на Обука за процена на тутун за лиценцирани проценители Пријавувањето за изведба на Обуката за процена на тутун на проценителите кои имаат Лиценца за процена на тутун ќе трае до 30-ти април 2021 година. Обуката ќе ја спроведе комисија составена од компетентни лица вработени во Научниот институт за тутун – Прилеп. Kандидатите заедно со пријавата за изведба на обуката (која се наоѓа во прилог на ова соопштение), на денот на обуката треба да приложат: 1. Фотокопија од Лиценца за процена на тутун 2. Лична карта или пасош 3. Копија од уплатница со уплатени 2000.00 ден. Пријавата заедно со потребната документација се доставуваат најдоцна до 30.04.2021 година до Научен институт за тутун – Прилеп, ул. Кичевска бб, 7500-Прилеп. За датумот и времето на одржување на обуката заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат законските услови дополнително ќе бидат известени. 9.04.2021 год. Контакт лице: Ана Корубин – Алексоска, претседател на комисијата са спроведување Обука за процена на тутун Тел.: 070 308 473