fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Се ближи лето-Земјоделци, ако ги палите стрништата самите си „пукате во нога“

Се загадува воздухот, можат да предизвикаат пожар кој ќе уништи големи шумски површини, лозови или други насади и помошни објекти. Палењето на стрништата е штетно за биодиверзитетот и го нарушува природниот баланс. 

Секое лето има пријави за запалени стрништа кои се опасност за појава на пожари на поголеми површини и овој потег им штети и на земјоделците.

Се загадува воздухот, можат да предизвикаат пожар кој ќе уништи големи шумски површини, лозови или други насади и помошни објекти. Палењето на стрништата е штетно за биодиверзитетот и го нарушува природниот баланс.

„Постојат два вида на остатоци од земјоделски култури на нивите, односно на стрништата по жетвата: остатоци на полето што се оставаат на полињата и земјоделските обработени површини или овоштарници откако ќе се соберат зрелите посеви и плодови од земјоделските култури. Традиционално кај нас по обработката на културите на крајот од сезоната, дел од локалните заедници имаат навика да ги палат овие растителни остатоци. Ова се случува поради три главни причини или верувања: се чистат површините од непотребната растителна маса, се чистат површините од паразити и штетници и се хранат почвите со минерали преку изгорената растителна маса. Но, денес овие традиционални практики претставуваат повеќе општа опасност отколку придобивка и се нелегална активност во Северна Македонија. Оваа пракса има низа негативни последици кои нашите земјоделски производители не ги знаат или пак намерно ги занемаруваат. Со палење на стрништа доаѓа до долготрајно уништување на земјиштето, особено ако се изведува секоја година. Се убиваат корисните микроорганизми во земјиштето, кои се важни за рамнотежа и создавање на хумус. Покрај тоа, огнот од нивата може да се прошири и да предизвика пожар од поголеми размери“, вели Лилјана Јоноски од Рурална коалиција Кичево.

Додава дека со палењето стрништа се зголемува аерозагадувањето, што води до локални и регионални промени во квалитетот на воздухот и може да влијае врз еколошката карта на целиот регион.

„Дополнително се зголемува опасноста од шумски пожари што можат да ја уништат земјоделската инфраструктура, доводите на струја и вода како и околните градби и опрема. Ова ние го зборуваме и споменуваме на терен и со апели секоја година во екот на расчистувањето на нивите на пролет или пак на есен при подготовката за есенските сеидби кога и најчести се ваквите палења на стрништата. Развојот на модерното земјоделство доведува до развој на нови, модерни технологии кои обезбедуваат поефикасна берба на земјоделските култури со минимум растителна маса што останува на површината, а она што ќе се собере може да се искористи и обработи како продукт за ѓубрење или биогориво. Значаен дел од најчестите штетници и паразити и онака не се присутни во текот на есента и зимата, што значи палењето на површините не гарантира нивно исчезнување следната вегетативна сезона. Без разлика на вековните традиции, животната средина и условите се менуваат, со тоа мора да се менуваат и старите навики кои денес се вистинска опасност“, рече Јоноски.Повеќе на https://faktor.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close